-
Национална е-агри платформа
Добредојде
Националанта е-агри платформа е нова алатка на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Северна Македонија. Оваа алатка е изработена со техничка поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации ФАО, во рамките на проектот глобалниот проект кој го спроведува ФАО насловен “Оддржлива продуктивност во земјоделство (во контекст на КПЗ и Агроекологија)”. Целта на Националната е-агри платформа е да обезбеди пристап до најновите информативни алатки за просторни, климатски, и пазарни информации во областа на земјоделството на едно место. -
Агро-еколошки информации
Просторни податоци и EarthMap
Северна Македонија е одна првите држави кои во соработка со ФАО изготви национална база на просторни податоци користејќи глобалната www.earthmap.org платформа (northmacedonia.earthmap.org). Ова е клучен производ што подобро ќе ги информира земјоделските политики на национално ниво; и следствено, ќе помогне при адаптација на земјоделското производство кон климатските промени на локално ниво. Преку оваа алатка достапна и во сегментот “Карти” на е-агри платформата, сите институтиции, земјоделци, научната и пошироката јавност имаат пристап до национални и меѓународни просторни податоци за државата. Исто така е-агри платформата во секциите “Meтео” и “Известувања” ги прават достапни најсовременети просторни алатки за пристап до гео-локациски услуги, вклучително и просторно специфични агрометеоролошки податоци од националната “Агрометео” платформа. Додека во рамките на системот за “Известувања”, се активира национална алатка за “граѓанска наука”, каде сета јавност ќе го даде својот придонес во управувањето со штетници, пожари и други неповолни настани во земјоделството. -
Моја фарма
Менаџмент на земјоделски фарми
Националната е-агри платформа нуди можност на земјоделци да водат евиденција на внесови (трошоци) и приходи за сопственото земјоделско стопанство. Преку алатката “Фарма” секој земјоделец има можност за подобрување на менаџментот на земјоделското стопанство преку оваа бесплатна алатка. Која покрај евиденција нуди и можност за генерирање на автоматски извештаји за проектирање на профитабилноста на различни земјоделски производи, се со цел да се зголеми продуктивноста и намали употребата на производни материјали кои ја загадуваат животната средина.